19/04/2024
Македонија

Државниот секретар Азири на средба со директорот на Инстанбулската опера и балет

Државниот секретар на Министерството за култура на Република Македонија, Валмир Азири заедно со шефот на кабинетот на министерот за култура, Тодорче Тасевски, беа домаќини на директорот на Истанбулската државна Опера и Балет, Суат Арикан, како и генералната директорка на Туркиш Ерлајнс – Скопје, Пинар Ајваз – Арикан…

На средбата се дискутираше за реципрочните искуства на Македонија и Турција на полето на размената и соработката меѓу културните институции, за која е констатирано дека е одлична но и дека може да се интензивира и унапреди уште повеќе.

Соговорниците дискутираа за конкретни можности и реализација на концерти, оперски гостувања, уметнички колонии и други начини на културна соработка меѓу институциите и уметниците од двете земји, кои се очекуваат во блиска иднина.

Директорот на Истанбулската опера и балет, Арикан денес оствари средби и со директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, како и со директорот на Македонската опера и балет, Илија Рајковски.

Посетата се остварува на покана на државниот секретар Азири по неговата реализирана посета во Истанбул минатата есен, при што тој меѓу другите активности ја посети и Истанбулската опера и го покани директорот на оваа институција да ја посети нашата земја и да реализира средби со претставниците на нашите културни установи за остварување на конкретна соработка.