28/03/2024
Македонија

Државниот секретар Николиќ во Хрватска учествува на конференција за безбедносните предизвици во Европа

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, учествува на годишната конференција „Безбедносните предизвици во Европа“ што се одржува во Загреб, Хрватска.

На дводневната Конференција која е во организација на RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка и фондацијата „Konrad Adenauer Stiftung“, се разговара за современите безбедносни предизвици во регионот на Југоисточна Европа и пошироко како и начините за справување со нив.

Државниот секретар Николиќ учествува во рамките на првиот панел „Современите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа“. Конференцијата ја отвори министерот за одбрана, Дамир Крстчевиќ, а на конференцијата учествуваат и заменици и помошници министри од земјите во регионот како и амбасадори од повеќе земји. На истата се присутни и повеќе академски претставници, професори од универзитетите во регионот.

На конференцијата стана збор и за појавата на повеќе видови тероризам, трговија со луѓе и оружје за масовна употреба, мигрантската криза како и сајбер-тероризмот, како еден од асиметричните видови на закани и ризици во регионот и пошироко.

Во текот на конференцијата, државниот секретар Николиќ, даде и изјава за хрватската телевизија RTL за безбедносните предизвици во Република Македонија и во регионот како и начин на справување со истите.