29/03/2024
Македонија

Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 22 и 23.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од с.Мојанци, општина Арачиново и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(37) од Тетово било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.