18/04/2024
Охрид

Двајца охриѓани затекнати при бесправен риболов на крап со мрежа

Утрово (26.11.2019) во 06:20 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, на подрачјето од рекреативната зона „Мазија“, каде е забранет стопански риболов, во метален чамец, во бесправен риболов на охридски крап со мрежа, затекнати се Т.Т.(53) и А.Ф.(50), двајцата од Охрид.

Тие се повикани на разговор во полициската станица и против нив ќе биде поднесена пријава според Законот за Рибарство и Аквакултура.