24/04/2024
Охрид

Две лица извршиле напад врз возило на ул. „Марко Нестороски“ во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А.(28) од Охрид и против друго, засега непознато лице.

Пријавените, казненото дело го сториле на 27-ми минатиот месец во 04 часот и 25 минути на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид. Тие, движејќи се со патнички автомобил „Волксфагхен Поло“, пресретнале автомобил „Сеат Ибица“ управуван од И.А. од Охрид и со светлосни сигнали успеале да го застанат возилото. Веднаш потоа, засега непознатиот од застанатиот автомобил насилно ја извадил Д.К.(24) од Охрид додека пријавениот Ј.А. почнал со безбол палка да удира по автомобилот, а потоа и по И.А. кој се наоѓал на возачкото седиште од возилото. По кратко време, двајцата пријавени избегале од местото на настанот а И.А. се упатил во Општата болница во Охрид каде му била укажана неопходна медицинска помош.