17/06/2026
Струга

Две лица од Корошишта го премостиле електричното броило со што го оштетиле ЕВН со над 20 илјади евра

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно, поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија.

Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и направиле штета од 1.377.911 денари.


WebOhrid / 28.09.2025 / СВР Охрид