28/03/2024
Струга

Две лица повредени на магистралниот пат Подмоље-Ќафасан

На 01.04.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Ц.(21) од с.Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од с.Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.