20/04/2024
Струга

Две лица повредени во сообраќајка на локалниот пат Калишта кон Франгово

На 29.12.2018 година во 12:50 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “ВМЦ“ со охридски регистерски таблици, управувано Ц.С.(33) од с.Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “Фиат Панда“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Н.(32) од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.С. и сопатничката од патничкото моторно возило Д.Н., кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.