14/01/2026
Струга

Две стружанки, вработени во спортска обложувалница, пријавиле лажно разбојништво

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.

Двете, вработени во спортска обложувалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.