Единствена Македонија: За кое владеење на правото зборува Европската Унија

Единствена Македонија го осудува дволичниот однос на Европската унија и преку најновата Стратегија за проширување наменета за Македонија и останатите земји од Западен Балкан.

Имено, ЕУ со Стратегијата бара усогласувањето на правните системи на Македонија и земјите од Западен Балкан заради владеење на правото, демократија, човекови права…

Меѓутоа, за каква демократија зборува ЕУ, кога токму Унијата преку Грција како нејзина земја-членка не ги почитува овие демократските стандарди.

Затоа, земајќи ја предвид 27-годишната лажна лекција по демократија од страна на ЕУ, Единствена Македонија ја прашува Унијата како самопрогласена учителка по демократија, како е можно Грција која е 37 години членка на ЕУ, прво, да не ги признава Македонците во Грција и нивните основни човекови права гарантирани со меѓународното право, да ги присилува да користат грчки имиња и да не им ја признава сопственоста врз имотите во Беломорска Македонија, второ, како е можно македонскиот народ да биде уценет од ЕУ со фашистичко барање за промена на името и идентитетот за членство во Унијата а која за себе вели дека е демократска институција, и трето, како е можно земји-членки на ЕУ да учествуваат во рушењето и бомбардирањето на суверени држави.

За Единствена Македонија нема дилема. Овие прашања заслужуваат одговор. Затоа, европските бирократи му должат објаснување на македонскиот народ, стои во соопштението од Единствена Македонија.