28/03/2024
Охрид

Една недела до почетокот на јубилејното петто издание на „Вдиши театар“

Една недела до почетокот на овогодинешното јубилејно петто издание на меѓународниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид ќе се одржи од 13-17 јуни 2018.

Отворањето на фестивалот на 13.06.2018 ќе го означи настапот на актерската група на Црвен крст Охрид со изведба на претставата „ВО ФИОКА“, а во наредните денови на сцената во предворјето на црквата Св.Софија и НУЦК „Григор Прличев“ љубителите на театарот ќе можат да уживаат во оригиналните и креативни театарски претстави во изведба на актерските групи од Црвен крст Бар, Црвен крст Суботица, Црвен крст Крагуевац, Црвен крст Битола, Црвен крст Ужице и ОСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.

Повеќе детали за театарските претстави и програмата на фестивалот ќе бидат презентирани во текот на наредните денови.