Едно лице загина во сообраќајка на патот Битола – Ресен
На 06.01.2019 година во 16:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од с.Дрмени-ресенско.
На местото на настанот починал Љ.П. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од с.Дрмени-ресенско, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.