20/04/2024
Охрид

Едно лице го загуби животот во сообраќајка кај Арбиново

Едно лице го загуби животот, а други пет имаат телесни повреди, по сообраќајната незгода што синоќа (23.07.2018) во 19 часот и 55 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Арбиново.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблици управувано од А.К. (32) од Кичево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од с.Велешта-струшко, а со живеалиште во Р.Германија.

Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23:40 часот починал. Со повреди се здобиле возачот на „опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото „Мерцедес“ – Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата „Свети Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.