16/04/2024
Дебрца

Едно лице тешко повредено во сообраќајна незгода кај Ботун

На 06.06.2019 година во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Ботун, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(63) од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(32) од с.Враништа, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.