29/03/2024
Охрид

Египќанецот Демир Далип – независен кандидат за градоначалник на Охрид

На 21 април покрај претседателските избори во неколку општини ќе се избираат и градоначалници. По смртта на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски, гласачите од оваа општина ќе избираат и нов градоначалник. Независната кандидатура за ова место веќе ја најавува Демир Далип, граѓански активист и лидер на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција за Египќани.

Демир Далип, во својот допис, најави дека ова кандидатура доага како резултат на неговата долгогодишна општествена -политичка активност, а во фокусот на својата програма ќе му бидат Охрид и Охриѓани, почитување на секуларниот карактер на државата, почитување на слободата на граганинот, фер шанса за сите и воспоставување на принципот на приоритет на најквалитетните, каде партиските вработувања ке бидат минато, а Охрид да биде убедливо најголем туристички, културен, духовен центар не само во Р.Македонија туку и пошироко. ОХРИД НА ОХРИЃАНИ ќе биде мотото на Демир Далип, кој истакна дека Програмата ја изготвува со тим на стручни лица и професионалци, а се со цел Охрид да му го врати на Охриѓани.

Инаку, Демир Далип по професија е Дипл.правник , оженет и татко на едно дете.