19/04/2024
Македонија

Емил Шулајковски и Јана Куновска изложуваат во Белград

Утре (13 март) во 20 часот во галеријата „Pro3or“ во Белград,  ќе биде отворена изложбата на дела од македонските академски сликари, Јана Куновска и Емил Шулајковски …

Изложбата на која ќе бидат претставени 42 уметнички дела е прво заедничко претставување на двајцата уметници.

Јана Куновска покрај бројните изложби на Балканот, Европа и во САД, на изложбата во Белград ќе се претстави со циклусот насловен „Тажни мачки/Мали ластовички“, кој се состои од дела работени во последниве седум години.

Емил Шулајковски пак повеќепати изложувал во Европа и во САД, а неговите дела се застапени во приватни и јавни колексии во над 30 земји во светот. На изложбата во Белград Шулајковски ќе се претстави со дела изработени во последниве три години, од  циклусот „Огнена земја“.  

Изложбата која ќе се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, за посетителите ќе биде отворена до 21 март.