14/02/2026
Спорт

Енис Барди потпиша за Коњаспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е нов член на турскиот клуб Коњаспор, со кој потпиша договор до јуни 2027 година и ќе го носи дресот со број 10.

Барди во својата кариера досега настапуваше за: Бодрумспор (2024–2025), Трабзонспор (2022–2024), Леванте (2017–2022), Ујпешт (2014–2017), и Преспа Бирлик Шведска (2014). Барди зад себе има над 250 натпревари во клупскиот фудбал, со 55 постигнати голови и 35 асистенции.

Најзапаметен период му е во Леванте, каде одигра 135 натпревари и постигна 23 голови, меѓу кои и неколку спектакуларни слободни удари по кои стана препознатлив во Ла Лига.

Барди е еден од најистакнатите македонски фудбалери, со 75 настапи и 18 голови за националниот тим, каде често ја носи капитенската лента.


WebOhrid / 12.07.2025