18/04/2024
Охрид

Естетско уредување на просторот во и надвор од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, членови на ликовната секција 2018/2019, под менторство на ликовниот педагог Жанета Стаиќ Митрески од неодамна почнаа со естетско уредување на просторот во и надвор од училиштето.

Учениците работат на тема: Колористички вредности во природата и се здобиваат со искуство на сликање на различни подлоги. Еден дел од нив сликаат на камен во дворот на училиштето, а друг дел работи ѕидно сликарство во просториите на градинката која се наоѓа во состав на училиштето.

„Мотивацијата на учениците е голема, задоволството на сите деца, наставниот кадар и месното население е огромно, а со тоа малите, но “големи уметници” добиваат поддршка и уште поголем мотив за да продолжат со понатамошна реализација на проектот кој е предвиден да продолжи и наредната учебна година со нови членови од ликовната секција.“ – велат од училиштето.