25/04/2024
Охрид

Евроамбасадорот Гир во посета на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир.

На средбата беше разговарано за прогресот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега. Евроамбасадорот уште еднаш ја нагласи својата поддршка  и ги поздрави сите напори на Локалната самоуправа во насока за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“.