19/04/2024
Спорт

Езерското дерби за РК Охрид

Езерското дерби го добија домаќините – РК Охрид, кои во шестото коло од машката ракометна Суперлига успеаа да победат против РК Струга. 

Во доста изедначен натпревар гостите од Струга имаа предност во текот на целото прво полувреме, а Охрид изедначи на 7-7, 8-8, 11-11, 12-12 и пред самото полувреме, со резултат 13-13.

Во преполната Спортска сала „Билјанини Извори“, публиката можеше да види навистина цврст, изедначен натпревар и во второто полувреме. Во самиот финиш од натпреварот РК Охрид дојде во предност 21-20 и полека, но сигурно го одржуваше резултатот, за на крајот да триумфира со 26-23.

WebOhrid