15/07/2025
Спорт

Езѓан Алиоски се враќа во Лугано

Езѓан Алиоски е нов член на швајцарскиот клуб Лугано, со кој потпиша двогодишен договор до јуни 2027 година.

Тој веќе играше за Лугано во сезоните 2015/16 и 2016/17, каде одигра вкупно 54 натпревари, и постигна 19 голови и 14 асистенции. Овие настапи го направија миленик на навивачите на Лугано.

Во неговата кариера Алиоски досега настапуваше за: Ал Ахли (2023-2025), Фенербахче (2022-2023), Ал Ахли (2021-2022), Лидс Јунајтед (2017-2021), Лугано (2015-2017), Шафхаузен (2012-2015) и Јанг Бојс Б (2010-2012).

33-годишниот Алиоски, за македонската репрезентација досега има 85 настапи и 13 голови.


WebOhrid / 21.06.2025