15/07/2024
Дебрца

Фатени дрвокрадци од Мислодежда во атарот на селото Црвена Вода

На 22.09.2020 околу 11:00 часот во месноста „Орли“, атар на селото Црвена Вода, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид, овластен шумочувар и шумски полициски службеник, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, ги затекнале Р.Б.(20), Б.Џ.(40) и Ј.Б.(40), сите од струшкото село Мислодежда.

На местото, пронајдени се околу 15 метри просторни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.