25/04/2024
Охрид

Фатени рибокрадци кај Лагадин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(54) од Охрид, А.С.(62) од Пештани и Ѓ.К. (64) од Љубаништа.

Пријавените, казненото дело го сториле на деветти јануари годинава кога од подрачјето на населбата „Лагадин“, со пловен објект-кајче влегле во водите на Охридското Езеро во кое го ставиле целокупниот риболовен алат и рибарските мрежи со кои е забранет риболовот согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура. Тие, бесправно уловиле вкупно шеесет и седум парчиња риба охридска пастрмка, белвица и друга разновидна риба. Пријавените, заедно со уловот, во 19 часот и 10 минути биле затекнати од полициски службеници во момент кога бесправниот улов сакале да го пренесат во еден хотелско угостителки објект сопственост на пријавениот С.С.

По насоки од Јавен обвинител, известени се Судија на претходна постапка како и Државен инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата, по што извршен е увид на местото на настанот како и претрес во хотелот сопственост на пријавениот С.С. Уловената риба и риболовниот алат се одземени за што е издадена и соодветна потврда.