29/03/2024
Спорт

ФФМ: Досегашните испитувања даваат слика дека се работи за вирус, а не за труење со храна

Досегашните испитувања и добиените резултати од клиничката болница „Систина“, а поврзано со стомачните тегоби на кои се жалеа неколкумина фудбалери од А репрезентацијата на Македонија, покажуваат дека се работи за стомачен вирус. Испитувањата даваат слика дека објективната причина за состојбата на дел од фудбалерите во националниот тим не е труење со храна. Дополнително се преземени сите неопходни мерки од епидемиолошки аспект за целосно утврдување на причината за настанатата состојба.

Лекарскиот тим во репрезентацијата постојано ја следи состојбата на сите вклучени во националниот тим и ги презема неопходните активности.

Имено, четворица фудбалери од нашиот тим, утринава се пожалија на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презеде сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности. Поради тоа, одложен беше претпладневниот тренинг, кој се одржа во попладневните часови.