28/03/2024
Спорт

ФФМ ќе подели 350 илјади евра доколку Македонија го освои првото место во групата од Лигата на Нации

Најдобрата репрезентација на Македонија во септември го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство преку новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Нашиот А национален тим е во група со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за исплата на вкупна премија од 350 илјади евра како парична награда која би ја поделиле фудбалерите и стручниот штаб за освоено прво место во групата.

Првото место во групата е еден од приоритетите нè само за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата, туку и за Фудбалската федерација на Македонија. Сите се убедени дека во оваа репрезентација има и фудбалски и стручен квалитет за освојување на првото место во групата. На капитенот Горан Пандев и неговите соиграчи од репрезентацијата им посакуваме многу среќа во новиот циклус. Првиот натпреавар го играме на 6 септември против Гибралтар на гостински терен. На 9 септември во Скопје гостува селекцијата на Ерменија.