25/04/2024
Македонија

Филипче: Бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.