15/10/2024
Македонија

Филипче: Овој ден е симбол на борбата против нееднаквоста и окупацијата, борбата за слобода

Почитувани граѓани, нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! Овој ден е симбол на борбата против нееднаквоста и окупацијата, борбата за слобода. Денес како самостојна и суверена држава, можеме со гордост да кажеме дека го продолжуваме сонот на нашите предци. Република Северна Македонија е горда членка на НАТО, признаена од целиот свет и на сигурен пат кон членство во Европската Унија. Продолжуваме да градиме држава која ги негува демократијата и европските вредности, еднакви услови и квалитетен живот за сите, напиша министерот за здравство д-р Венко Филипче, на својот ФБ профил.