29/03/2024
Македонија

Филипче: Посети ја најблиската здравствена установа и вакцинирај се без закажан термин

Веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација. Отсега брзо, лесно и едноставно можеш да го сториш тоа. Посети ја најблиската здравствена установа и вакцинирај се без закажан термин. Само со одговорно однесување кон себе и кон другите, може да ставиме крај на пандемијата. Биди одговорен, грижи се за себе и своите најблиски. #ВакцинирајСе