28/03/2024
Македонија

Филипче: Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти

На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, информираше министерот за здравство, д-р Венко Филипче.