Финансиска помош од 70 милиони евра за исплата на плати, Владата предводена од СДСМ го усвои предлог-законот

Владата предводена од СДСМ, со усвојување на предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати, продолжува со навремени и ефикасни мерки за справување со економските последици од коронакризата и спасување на работните места.

Со оваа мерка, финансиска помош во вкупна висина од 70 милиони евра ќе добијат работодавачите погодени со коронакризата, за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава, а поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и ќе се движи од 14.500 денари, па се до 21.776 денари.

Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај фирмите со пад на приходот од над 80%, поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен.

Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година и два месеци по користењето на финансиската поддршка нема да смеат да го намалуваат бројот на вработени.

Предлог – законот предвидува глоби до 10 илјади евра во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена.

Владата предводена од СДСМ реализира мерки што спасуваат работни места и обезбедуваат помош за домашната економија и во услови на економска криза застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за сите, за ублажување и надминување на последиците од економската криза.