28/03/2024
Охрид

Финишира реконструкцијата на крак од улицата „Даме Груев“

Финишираат градежните активности за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.

Во текот на денешниот ден се изврши поставување на вториот асфалтен слој на коловозот. Согласно предвидените активности, претходно беше извршено уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата и беа поставени нови рабници.

Реконструкцијата на уличниот крак е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Во текот на наредниот период се планира реконструкција на уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.