Финска – нов претседавач со Советот на ЕУ
Од денеска Финска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија, под мотото: „Одржлива Европа – одржлива иднина”.
Програмата на Финското претседателство се фокусира на четири главни приоритети:
- зајакнување на заедничките вредности и владеење на правото;
- поконкурентна ЕУ и социјално инклузивна;
- зајакнување на позицијата на ЕУ како глобален лидер во климатските активности;
- сеопфатна безбедност на граѓаните.
Финска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Романија, а на почетокот од новата година ќе ѝ го предаде на Хрватска.