25/04/2024
Регион/Свет

Физичка активност во самоизолација

Предупредување: Ова упатство е наменето за луѓе во само-изолација без никакви симптоми или дијагноза на акутна респираторна болест. Не треба да замени професионален медицински надзор, во случај на здравствена потреба.

Бидејќи нови случаи на КОВИД-19 продолжуваат да се појавуваат во Европскиот регион на СЗО, од многу здрави лица се бара да останат дома, во самоизолација. Во некои земји, фитнес центрите и другите места, каде луѓето се вообичаено активни, ќе останат привремено затворени. Престојот дома на подолг временски период може да претставува значаен предизвик за можноста да бидете физички активни. Долгото седење и ниското ниво на физичка активност можат да имаат негативни ефекти врз здравјето, благосостојбата и квалитетот на живот.

Самоизолацијата, исто така, може да предизвика дополнителен стрес и да влијае и на психичкото здравје на граѓаните. Физичката активност и техниките за релаксација можат да бидат вредни алатки кои, во ваков период, ќе ви помогнат да останете смирени и да продолжите да го заштитувате вашето здравје, но и здравјето на другите.

СЗО препорачува неделна физичка активност од 150 минути со умерен интензитет или 75 минути со силен интензитет, или комбинација од двете. Овие препораки можат да се постигнат и дома, без посебна опрема и во ограничен простор.

Подолу се неколку совети за тоа како да бидете активни додека сте дома, во самоизолација:

Препораки на СЗО за останување активен за време на самоизолација – PDF