28/03/2024
Охрид

Физичка пресметка помеѓу три лица на булеварот „Туристичка“

На 07.07.2019 година околу 17:00 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ц.(50) од една и Љ.Н.(44) и Б.Н.(41) од друга страна, сите од Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, во согласност со одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе поднесе пријава.