29/03/2024
Охрид

Физички нападнат жител од Мешеишта додека седел во угостителски објект во Охрид

На 14.12.2020 во  20,45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на улица “Сирма Војвода” во Охрид, додека В.М.(56) од село Мешеишта, охридско седел во локалот бил физички нападнат од Д.Н.
Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.