„Фолклорен мост 2018“ во Струга

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота (21 јули), од 20 часот ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“, кој финансиски е поддржан од Министерството за култура …

Традиционално манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а ќе продолжи со нивен настап на платото пред Центарот за култура. На годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од повеќе земји од Балканот.

Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.