20/04/2024
Охрид

Формирана снежна покривка низ земјава, за викендов температури под нулата

Синоќа во повеќе делови од земјава се формира снежна покривка особено во западните.

Најмногу снег  наврна во Битола, 28 сантиметри. Во Крушево висината на снежната покривка изнесува 13 сантиметри, во Охрид 12 сантиметри, а во Берово, Дебар и Претор седум сантиметри. Во Петровец кај Скопје се наврнати шест сантиметри, во Тетово – пет, во Крива Паланка, Штип, Прилеп и Пожаране -три, во Струмица два и на Зајчев Рид во Скопје, во Куманово и Демир Капија само еден сантиметар.

Од УХМР информираат дека во во текот на ноќта во јужните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Мак. тем. ќе биде во интервал од -1 до 8 °C.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.