23/04/2024
Охрид

Формирани посебни мобилни тимови

Со одлука на градоначалникот на Охрид, од денес на територијата на општина Охрид, почнуваат да функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со специјални потреби да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти  за хигиена и лекови или доколку  имаат потреба од помош или било каква друга поддршка.

Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви: 070 / 98 98 06 и 070 / 354 – 712.

Тимовите се составени од по двајца вработени во Локалната самоуправа и им е ставено на располагање општинско возило кое ќе можат да го користат за потребите на граѓаните.