Формирано доброволно противпожарно здружение Ентузијаст – Дебрца
Благодарение на залагањата на командирот на Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид, формирано е доброволно противпожарно здружение во с.Белчишта, Општина Дебрца, кое ќе биде од исклучително значење за првично дејствување во случај на пожар во Дебрца.
ДПД Ентузијаст – Дебрца заедно со братското доброволно друштво ДПД Ентузијаст – Охрид на 16.09.2025, ќе преземат две противпожарни возила од Р.Австрија за Општина Дебрца и Општина Охрид.
Ентузијаст – Дебрца ќе функционира на волонтерска основа, а не е исклучена и можноста да се вклучат и дежурства на професионални пожарникари од ТППЕ Охрид – Пожарна.

WebOhrid / 16.08.2025 / ДПД Ентузијаст – Охрид
