Форумот на жени на СДСМ Дебрца испрати силна порака до сите жени по повод 8ми март

„Форумот на жени на СДСМ Дебрца оваа година нема да подели цвеќе, туку ќе испрати силна порака не само до своите членки, туку до сите жени.

2021 година, во време на пандемија, неизвесност и криза-сигурноста, безбедноста и рамноправноста на жените со мажите не треба да биде под знак прашалник. Таа треба да биде загарантирана.

Човештвото се соочува со досега невиден проблем и сега е моментот да се обединиме и издигнеме над поделбите и да го имплементираме она што го пропагира не само феминистичкото движење, туку и самата социјалдемократија. Тоа се еднаквост во политичка, економска и социјална смисла, но пред се еднакви можности  за сите.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ова го препознава и токму затоа со статутарни измени ја загарантира застапеноста од 50-50 % на сите нивоа на партијата.

Но нашата борба не завршува тука, таа ќе заврши во оној момент кога квоти повеќе нема да бидат потребни!

Од свое лично име и од име на Форумот на жени на СДСМ Дебрца го честитам Меѓународниот ден на жената и посакувам жените никогаш да не бидат само бројка. 8ми март не е прослава, 8ми март е потсетник до каде сме и каде треба да стигнеме!“ – изјави Ана Аврамоска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ Дебрца.