Форумот на жени од ОО СДСМ Охрид ја реализираше акцијата „Дарувај од срце“

Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид во соработка со Црвениот крст на град Охрид традиционално ја реализира хуманитарната акција „Дарувај од срце“.

Акцијата се состоеше од донирање на облека и обувки која Црвениот крст ќе ја дистрибуира до наши граѓани на кои помошта им е најпотребна.

„Со оваа акција Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид има за цел да ја поттикне јавната свест во насока на ублажување на егзистенционалните проблеми на граѓаните и да го ублажи човековото страдање. ДАВАЈЌИ МАЛКУ ПОМАГАМЕ МНОГУ!“ – велат од ОО СДСМ Охрид.