Форумот на жени од ОО СДСМ Охрид со честитка по повод 8ми март

Меѓународниот ден на жената – 8 Март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Ние жените колку што сме нежни и кревки толку сме силни и непопустливи. Постојано сме во потрага по нови хоризонти,со желба за рамноправност со мажите ама не само декларативна туку реална.

За успехот на тој пат, 8 Март е само ден кој потсетува дека борбата за подобар живот и еднаквост не престанала.

Во Северна Македонија сите заедно треба да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.

Заедно сме посилни. Времето е на наша страна. Честит празник на сите кои со почит гледаат на овој историски ден кој покажува дека во животот ништо не доаѓа само!

Заедно да го промениме светот на подобро!

Честит празник! – стои во честитката од Форумот на жени при ОО СДСМ Охрид.