29/03/2024
Охрид

Фото-изложба во Охрид по повод 75 години постоење на Фото сојуз на Македонија

„Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, таа претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Р.Македонија.

Оваа година, по пет години повторно во Охрид. Отворањето на изложбата и доделувањата на наградите ќе биде на 29-ти мај (сабота) во НУ центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19:30 часот во Изложбениот салон. Изложбата ќе трае до 10-ти јуни 2021 година.

Изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.