Фотографирал малолетни лица, ги објавил на „Фејсбук“ и постирал недолична содржина

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.П.(33) од Скопје.

Тој, казненото дело го сторил на 09.07.2019 година по претходна расправија со О.Т. од Охрид кога неовластено извршил фотографирање малолетни лица и, ги објавил на социјалната мрежа „Фејсбук“ и постирал недолична содржина.