29/03/2024
Охрид

ГДУ: Каде да бараат работа граѓаните кои не се дел од семејството Доневи или пријатели и познаници на некој функционер?

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот на ГДУ – Охрид, Даниел Јорданоски.

https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnijaGDU.O.K.Ohrid/videos/209943960128884/

„За жал, обновувачите на Македонија уште непочнати со обнова си продолжија по старо. Имено пред два дена имаше постапка за вработување во општата болница во Охрид и како во минатото така и сега изборот се сведе на највлијателните, а не на најкадарните. Праксата продолжува со клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Но во оваа ситуација е интересно тоа што не се однесува на власта, впрочем опозицијата е таа која успеала во своите намери.

Секојдневните пресови на браќата од ДПМНЕ за непотизам и клиентелизам како да се прават ради реда и пополнување на агендата, па и за чудо нивниот претседател на огранокот го нема некое време и очигледно сега знаеме зошто не бил толку присутен.

Постапката за вработување заврши со тужби и жалби, кои искрено не верувам дека ќе имаат ефект, бидејќи законот не важи за големите, а способните и амбициозните ќе треба да продолжат да вадат визи и работа во странство. И на овој конкурс за вработување најкадарните, ако судиме по кредити не успеа да го добие работното место, ако судиме по просек и тие не го добија работното место, а пак ако судиме по работно искуство и тие не го добија работното место. Знаете ли кој го доби? Епа тоа ќе го прашаме господинот Сашо Донев! Првиот човек на ДПМНЕ во Охрид. Искрено се надеваме дека ќе собере храброст и ќе им каже на останатите кандидати зошто не успеале да го добијат работното место и кој го добил и зошто?

Жално е тоа што господинот Мицкоски ветува обнова и правда, а неговите локални шерифи уште сега ја започнаа обновата, а замислете што ќе биде кога ќе дојдат на власт.

И за крај од името на ГДУ и нашите сограѓани ги прашуваме и ДПМНЕ и г-дин Мицкоски и господин Донев што да прават останатите граѓани кои не се дел од семејството на Доневи или пријатели и познаници на некој функционер? Каде да бараат работа тие луѓе? Зарем 10-годишното искуство не е доволно? Зарем просекот од 9,58 не е доволен? Младите се иселувале, епа редно време е да се запрашате зошто е тоа така.“ – истакна Јорданоски.