18/07/2024
Охрид

ГДУ: Локалната власт под раководство од централната, нема намера да ги решава проблемите на охриѓани

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Очигледно локалната власт под раководство од централната, нема намера да ги решава проблемите на охриѓани. Очигледно и тие чекаат датум за преговори, па проблемите сами од себе ќе се решат. Уште колку време ќе ја залажувате јавноста?

Во Охрид после дожд, улиците се како да имало елементарна непогода. Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крај, најголемиот дел од нив завршуваат во езерото. Фекалната канализација е голем проблем кој се влече со години и постојано се даваат солуции (секако за време на изборите), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез. Па чисто да ве прашаме, ако немате решение за проблемите зошто го лажевте народот? Зошто ги баравте нивните гласови? За да седите во дебелите фотелји и да ги полните џебовите со народни пари?

Епа доста ни е од такви, впрочем такви беа и предходните, а вие ќе го донесевте животот? За кого живот? Нормално за партиските војници, кои ги „насадивте“ насекаде.

3 години на власт и скоро исто толку на локално ниво, но што направите? Асфалтиравте една улица! Браво секоја чест, вие сте незаменливи! Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото така и сега, се случи само мала промена на фотелјите.

И за крај не мора да правите нови програми за избори, чувајте си ги старите и онака ветувате исто повеќе од 20 години.“ – стои во соопштението од ГДУ Охрид.