28/03/2024
Македонија

ГДУ предлага уште 4 мерки и препораки за поголема ефикасност во борбата против корона вирусот

„Останете дома, човечкиот живот е најважното нешто!

Во врска со настанатата ситуација а имено објавената вондредна состојба поради опасниот вирус Ковид-19, Граѓанско Демократска Унија-ГДУ апелира да се почитуваат препораките од надлежните органи и здравствените институции. Мораме заеднички да вложиме максимални напори за да го зачуваме сопствениот живот а воедно и животот на нашите најмили.

ГДУ предлага уште 4 мерки и препораки, кои смета дека треба да се воведат за поголема ефикасност во борбата против вирусот Ковид-19 а и да се намали негативниот ефект врз економијата во нашата земја.

-Максимална мобилизација во насока на ангажирање на домашни компании за производство на сѐ што е потребно во оваа битка, така Владата ќе ја помогне домашната економија;

-Замрзнување на кредитите и другите давачки, даноци, кирии итн. со цел граѓаните и економските субјекти полесно да се справат со кризата;

-Владата итно да реагира со дополнителни средства за здравствениот систем;

-Финансиски награди за лекарите, полицајците, војниците, службениците во сите служби инволвирани во битката против корона вирусот;

Апелираме до нашите сограѓани, ако имате потреба да купите нешто, купувајте македонски производи!“ – стои во соопштението од ГДУ.