29/03/2024
Охрид

Георгиески: Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано

Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.
Ги ослободуваме плажите од нелегални градби, платформи, ѕидови и овозможуваме нивно непречено користење. Граѓаните ќе можат слободно да ги користат плажите без нелегално наплаќање на влез, лежалки и паркинг.
За таа цел денеска продолжуваат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани.
Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.
На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби тековно ќе се врши уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.