24/04/2024
Охрид

Георгиески: Општина Охрид ги поддржува сите реформи за унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта

Еден од најважните услови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор е квалификуваниот кадар. Оттука и потребата учениците уште во текот на образованието да стекнуваат практична настава во компаниите. Дуалното образование го нуди токму ова, практична настава во реални услови и стекнување квалификации за побрзо вработување, вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Општина Охрид ги поддржува сите реформи за унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта кои имаат за цел да придонесат за подобра иднина на младите. Во таа насока оваа година Општината додели 412 ученички и студентски стипендии.

https://fb.watch/5wCqvHMBjs/