20/04/2024
Охрид

Георгиески: После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта

После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта. Средствата за овој зафат ги издвоивме од буџетот на општина Охрид.
Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот. Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот.